„СПАРТМАНИ“ ГО НОКАУТИРА „ОСОГОВО“

Во Спорт
октомври 2, 2022
1 минути

Екипата на „Осогово“ на која многумина предвреме и ја доделија шампионската титула го претрпе првиот пораз во годинешното првенство. Кочанчани сосема заслужено загубија на „жешкиот терен“ во Градско Балдовце од „Спартмани“ со што ги разочараа своите симпатизери а поради незалагањето и сите од управата на клубот.

Домаќините победоносниот погодок го постигнаа во 40’ а стрелец беше Крушков.

Во Чешиново на домашната Академија и пресуди Чишиновчанецот Натков кој е тренер и играч на Карбинци.

„Овче Поле“ со три парчиња во мрежата ги испрати рударите од Пробиштип, додека во Делчево домаќинот „Брегалница“ стигна до три нови бода против екипата на Победа од Валандово.

Рибарите во Дојран со петка ги почестија Валандовчани, а во Берово домаќинот се лизна во дуелот со „Тиверија“.

Резултати од 4. коло:

„Спартмани“ – „Осогово“  1:0

„Брегалница“ (Д) – „Победа“ (В)  4:2

„Малеш“ – „Тиверија“  1:2

„Дојранско езеро“ – „Вардарски“  5:0

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Карбинци“  1:4

„Овче Поле“ – „Рудар“  3:0

Во водство е екипата на „Овче Поле“ со 10 бода пред „Тиверија“ 9, „Осогово“, „Карбинци“, „Малеш“ по 7, „Рудар“, „Спартмани“, „Брегалница“ (Д) по 6, „Академија Чешиново-Облешево“, „Дојранско езеро“ по 4, „Победа“ (В) 3, „Вардарски“ 0 бодови.

С. Ивановски