ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ГРУПАТА НА НАЈОТВОРЕНИ ЕДИНИЦИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ДРЖАВАТА

октомври 18, 2024
0 минути

Општина Кочани спаѓа во групата на најотворени единици на локалната самоуправа во државата, според истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Истражувањето е засновано врз Индексот на отвореност, а целта е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење на локалната власт во Република Северна Македонија. Индексот на отвореност на Општина Кочани е 55 %.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на општините во областа на доброто владеење преку четири начела: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет.

Резултатите од истражувањето беа претставени на тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ што се одржа во Скопје, на кој секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев говореше за предностите на дигиталната алатка мЗаедница, што Општина Кочани со поддршка од Центарот за социјални иновации ја користи за двонасочна комуникација со граѓаните.

На тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“, се дискутираше за добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа, со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ