Во малата сала за состаноци на Општина Кочани денес дел од новинарите од општинските медиуми извршија „Избор на спортист за 2021 година“.
Во изборот не учествуваа „ТВ канал 8“ и порталот komarec.com.mk така да изборот го извршија претставниците од порталот glasno.mk „ТВ Кочани“, и „Радио Кочани“.
Се избираше: Најдобар спортист, Најдобар млад надежен спортист, Најдобра екипа и најдобар тренер, а годинава имаше пристигнато и предлог за најдобар спортски работник или спортска личност.
Во категоријата „Најдобар спортист за 2021 година“ беа пристигнати шест номинации а по гласањето конечниот редослед е:
- Ристе Симеонов (КГС Кочани) 17 поени
- Стефанија Павлова (ЏК Гладијатор) 13 поени
- Дино Лазарев (Баскет Дино) 11 поени
- Тоше Манов (ГФК Осогово) 9 поени
- Димитриј Спасов (КГС Кочани) 7 поени
- Дамјан Крстов (ЏК Гладијатор) 6 поени
Во категоријата „Млад надежен спортист за 2021 година“ имаше номинација за 13 спортисти па беше одлучени да нема пласман во оваа категорија а сите номинирани да добијат Благодарници за постигнатите резултати.
Трие екипи се најдоа во категоријата „Најдобра екипа за 2021 година“ за да по завршеното гласање редоследот е следниот:
- ЏК „Гладијатор“ со освоени 7 поени
- КК „Баскет Дино“ со освоени 6 поени
- ГФК „Осогово“ со освоени 5 поени
И во категоријата „Најдобар тренер за 2021 година“ беа номинирани тројца кандидати а по завршеното гласање редоследот е следниот:
- Александар Андов (ГФК осогово) со освоени 9 поени
- Драган Шеќероски (ЏК Гладијатор) со освоени 6 поени
- Александар Диванисов (КК Баскет Дино) со освоени 3 поени
За развој на кошарката во Кочани посебна Плакета ќе биде врачена на семејството на прерано починатиот Сашо Лазарев – Чапо.
Терминот и местото на свеченото доделување на признанијата дополнително ќе биде одреден.
С.Ивановски