АЈДЕ СИТЕ ВО САБОТА НА КОШАРКА – „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ПРЕД ВРАТИТЕ НА ПОЛУФИНАЛЕТО?

Во Спорт
април 8, 2022
0 минути

Утре (Сабота) со почеток во 18:00 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани, кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ го играат првиот од серијата 1/4 финални натпревари во Третата кошаркарска лига на Македонија.

„Баскет Дино Деликатес“ за противник ќе ја има екипата на „Дибро Иглс“ од Дебар.

Натпреварите од 1/4 финалето се играат на две добиени средби, првата е веќе утре во Кочани а реваншот по седум дена во Дебар, евентуалниот трет натпревар повторно би се играл во Кочани.

Самиот распоред покажува дека ова е голема шанса кочанчани да се најдат по полуфиналето.

Влезот е бесплатен а од КК „Баскет Дино Деликатес“ ги повикуваат љубителите на кошарката да дојдат во што помасовен број и со своето фер и коректно навивање им помогнат да дојдат до една голема победа.

Ајде сите во Сабота на кошарка.

С.Ивановски