Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година и врз основа на договорот кој Општина Кочани го склучи со носителот на набавката „Лиса ком МС“, од Кавадарци, во петокот, на 8 ноември е спроведена втората фаза од општата дератизација во Кочани.
Во координација со Општина Кочани и со поддршка од технички персонал од КЈП „Водовод“, со дератизација се опфатени Градската депонија и канализациските системи во Кочани, како и селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.
Во втората фаза од дератизацијата се употребени 250 кг кумарински препарат во облик на парафински блокови кумарински мамки.
Општина Кочан
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ