УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН „ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ“

јули 17, 2023
1 минути

Во организација на  ПСК „Осогово“ и на Општина Кочани, во неделата ПСК „Осогово“ успешно го реализираше 16-тиот „Петровденски традиционален планинарски марш“.

ПНиту екстремно високите температури не беа пречка на маршот да учествуваат голем број на планинари, рекреативци од повеке клубови и градови на Македонија.

Овој марш помина успешно а по неговото завршување беше организиран заеднички ручек со познатиот планинарски грав.  За време на ручекот низ добра музика беа доделени благодарници на сите клубови учесници, како и на најмладиот и највозрасниот учесник на маршот,

Од ПСК „Осогово“ упатуваат голема благодарност до сите учесници кои со своето присуство допринесоа  маршот успешно да се реализира.

С.  Ивановски