ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ПОНИКВА БАРААТ ДА СЕ СОБЕРЕ НАСОБРАНИОТ СМЕТ

ноември 11, 2024
0 минути

Првиот снег што падна денес на „Пониква“ привлече неколкумина наши сограѓани да излезат на воздух, да се прошетаат по снегот и да уживаат малку во поубави нешта од оние што некој им ги сервира веќе подолг период.

Иако задоволни од првиот снег кој како што истакнаа падна на време сепак се згрозени од сметот кој еве веќе подолго време е во и пред контејнерите.

Како што истакнаа сигурни се дека ниските температури ќе ја задржат снежната покривка а и најавите дека на високите места ќе паѓа и понатака снег уверени се дека таа ќе биде доста поголема од денешната и дека ќе биде предизвик за љубителите на зимските спортови за време на викендот а и пред тоа да појдат на Пониква.

Затоа го повикуваат КЈП „Водовод“ да појдат на Пониква и да го соберат сметот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ