СОБРАН ОТПАДОТ НА ПОНИКВА, КЈП „ВОДОВОД“ АПЕЛИРА ВО ИДНИНА ДА СЕ ОДЛАГА ВО САДОВИТЕ ЗА СМЕТ

ноември 16, 2024
1 минути

Редовни теренски работни активности на Секторот Комунална хигиена на 15 ноември 2024 година за расчистување на отпад на Осоговските планини

Екипите на Сектор Комунална хигиена во соработка со Општина Кочаниво текот на изминатите неколку денови покрај редовните работни активности, извршија чистење на повеќе диви депонии во градот, но беше исчистена и дивата депонија на Осоговските планини каде беа подигнати околу 20 m3 различен отпад кој граѓаните неправилно го одлагаат до садовите за отпад на паркингот и на аеродромот.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ