ВРЕМЕН РЕЖИМ ЗА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТНИОТ ПРЕМИН НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА КОН ПОДЛОГ

декември 13, 2024
0 минути

Од понеделник, 16 декември 2024 год. започнуваат градежните работи за проширување на патниот премин на железничката пруга кај Подлог. Горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Подлог“ ќе се рехабилитира и ќе се прошири со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот.

Општина Кочани во следните десет дена повикува на доследно почитување на утврдениот режим на сообраќај и користење на другите пристапи.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ