Дел од жителите од улицата „Борис Траковски“ од Кочани со право реагираат и прашуваат каде ќе оди атмосферската вода ако се знае дека по реконструкцијата на улицата сите одводи се затворени, поточно на местата каде што беа отворите сега се поставени нови ивичњаци. До нашиот портал доставија фотографии и едно кратко резиме за она што е направено.
„Сливникот беше точно кај овој ивичњак што се гледа на сликата. До новите два реда бекатон коцки имаше метален капак на шахта, сега се гледа парче од бетонска плоча. Во позадина се гледа бетонскиот дел од сливникот, но работниците го искршија и одстранија“.
Ќе се чека првиот поголем дожд за да се види како тоа без одводи ќе функционира.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ