ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: КЈП „ВОДОВОД“ ЗАД СЕБЕ ОСТАВА ХАОС ОТКАКО ДЕЛУМНО ЌЕ ЈА ЗАВРШАТ РАБОТАТА

јули 5, 2023
1 минути

Пред малку револтиран граѓанин од она што се случува во населбата Недопирливи на улицата Иван Иванов Балаш по делумно завршување на работатат од страна на вработени во КЈП „Водовод“ и оставње на вистински хаос откако ќе заминат, ни испрати неков допис со молба во целост истиот да го објавиме. Во прилог и околу дваесетина фотографии.

„Почитувани, во врска со овој мој допис сакам да споделам одредени фотографии и информации околу денешните работни активности на КЈП „Водовод“ Кочани, бидејќи сум крајно револтиран околу тоа како истите не се спроведуваат т.е. санираат во целост (може да се погледне на самите фотографии и оценката да биде на оние кои ќе го прочитаат текстот). Конкретно во овој случај имаме санирање на дефект на водоводна цевка и тоа веќе неколку пати едно по друго во рок од 3-4 месеци и оставање на раскопана улица, влезови од дворишта до бог знае кога, можеби и доживотно со оправдување дека можеби повторно ќе се јави истиот проблем па да не се повторно копа „темелно“, до душа среќа што се најде екипа истото да го спроведе „навремено“ бидејќи во денешно време знаеме и самите ние колку истите се за тоа ажурни. Ова вака ќе остане исто како и претходниот дефект што беше пред околу 3-4 месеци кога се поплавија одредени куќи од настанатиот проблем и кога само се нафрла земја врз ископаната дупка и со тоа се блокираа влезовите на дворовите (може да се види на фотографиите). Ова се наоѓа во маалото Недопирливи на улицата Иван Иванов Балашо, централно градско подрачје. Ништо подолна не е ниту ситуацијата кај скалите накај касарната (Делот кај АСНОМ) со настанатите жбунови, грмушки канализација (може да се види на фотографиите). Нека видат, прочитаат граѓаните па и надлежните институции во каква средина сме затекнати ние овде, во денешно време. Однапред Ви благодарам за тоа што ќе го објавите мојот текст. Вам како редакција ви оставам самите да изберете од фотографиите.“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ