Поголема група жители на Кочани и околните места денес излегоа на мирен протест кој имаше за цел да се сврте вниманието на надлежните поради енормното испуштање чад од Градската депонија и поради загадувањето на воздухот.
Пред присутните зборуваше Марио Паунов граѓански активист од Кочани и главен иницијатор за одржувањето на овој протест Во своето обраќање тој потенцираше дека деновиве го посетил селото Бели кое е најблиску до депонијата и кое честопати тоне во чад а воздухот е со непријатна миризба.
Од протестот кој траеше околу еден час беше побарано третирање на депонијата со течни алги, дислокација на жителите кои живеат на депонијата и кои се сомничат за палењето на истата.
Протестот помина во мирна атмосфера.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ