И ДЕНЕС, ПОВТОРНО ПРОВОКАЦИЈА ОД ОПШТИНА ВИНИЦА.

декември 19, 2024
0 минути

По вчерашниот неуспешен обид за истовар на смет од Општина Виница на депонијата во Кочани со едно возило, денс (Четврток) на големиот празник Св. Никола пред половина час нова провокација од Општина Виница.

Конвој од повеќе камиони со смет се обидоа да го истоварат на депонијата иако за такво нешто немаат добиено согласност.

На местото на настанот во присуство на полицијата и голем број граќани стражарската служба не им ги отвори вратите на депонијата и возилата мораа да се вратат назад.

Ниските удари продолжуваат но за да се има таква храброст и безобразност мора некој поголем да стои зад сите овие игри што секојдневно им се сервираат на жителите на Кочани

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ