УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА НОВОГОДИШНА АКЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

декември 29, 2024
0 минути

Хуманитарната акција која ја организираше ОК ба ВМРО ДПМНЕ – Кочани на радост на сите учесници помина повеќе од успешно.

„Многу донации, многу насмеани лица со единствена цел да насмееме и израдуваме што повеќе наши сограѓани на кои навистина им се потребни овие артикли во пресрет на Новата 2025 година“ рекоа дел од организаторите на оваа хуманитарна акција.

Саата акција која се одвиваше во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се состоеше во собирање на прехранбени производи кои спакувани во прехранбени пакети ќе бидат поделени на социјално загрозените семејства.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ