СТОЈАН РАШКОВ КАКО ДЕЛ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА „АТА МАКЕДОНИЈА“ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ФОРУМОТ „ЕУ СЕ СРЕЌАВА СО БАЛКАНОТ“

април 28, 2022
1 минути

На 26ти Април во Софија Балкан Хотел се одржа Форумот ,,ЕУ се среќава со Балканот” со тема Научени лекции од случајот со Украина: Проширувањето на Европската унија како против одговор на војната. На форумот присуствуваа ЕУ лидери, министри за надворешни работи, политичари, претприемачи и младински претставници каде се дискутираше за наредни чекори за регионална соработка и ЕУ интеграција во 4ри панели. Форумот го отвори Илхан Кучиќ европратеник и известувач во Европскиот парламент за Македонија, Даниел Кадик Извршен директор на Европскиот либерален форум, Д-р Соломон Паси Претседател на Атлански совет на Бугарија.

На форумот беше потенцирано да им се овозможи простор на младите за просперитет и развој со своите врсници од Европа. Исто така за односите помеѓу Европската унија и Балканот во Софија се дебатираше на тема „придобивки од интеграцијата“.

Настанот беше модериран од поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Соломон Паси, а на истиот имаше учество поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

На Форумот „ЕУ се среќева со Балканот“ Стојан Рашков како дел од делегацијата „АТА Македонија“ оствари средба со Федерика Могерини и Илхан Ќучуќ кои се големи поддржувачи на евроинтеграцискиот процес на нашата држава.