КАМПАЊАТА НА СДСМ ЗА БЕСПЛАТНИ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ГРАЃАНИТЕ, УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА

ноември 23, 2023
0 минути

Како дел од вечерашната едукативна трибина во Кочани која ја организира СДСМ  под наслов „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје“ денес во „Паркот на Револуцијата’ во Кочани беа организирани бесплатни прегледи на граѓаните.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот голем број граѓани на Кочани го посетија пунктот каде освен бесплатни лекарски совети имаа бесплатно мерење на крвниот притисок како и на шеќерот.

Иако временските услови не беа погодни сепак кампањата на СДСМ за бесплатни лекарски прегледи на граѓаните успешно беше реализирана.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ