Фудбалско Кочани загуби уште еден свој некогашен играч. Почина Владо Димитров – Циге, голман кој освен во „Осогово“ има настапувано и во повеќе клубови во Македонија но најголемото негово достигнување е кога кон крајот на седумдесеттите години застана на голот на „Вардар“ од Скопје. Повозрасните љубители на фудбалот се сеќаваат на неговите бравурозни одбрани на натпреварот „Вардар“ – „Репрезентација на Југодлавија“ кога со леснотија ги бранеше тешките удари на репрезентативците на Југославија.
Владо Димитров – Циге почина на 66 годишна возраст.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ