ТППЕ – КОЧАНИ, ДЕНЕШНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛЦЕ И ПУХЧЕ

јули 19, 2024
0 минути

Територијалната Противпожарна Единица – Кочани денес се јави на апелот на Градоначалникот на Општина Штип во давањето помош при гаснењето на пожарите кои беснеат веќе неколку дена во овој регион.

Едно возило и двајца пожарникари се ставија на располагање при гаснењето на пожарот во селата Селце и Пухче.

Заедно со пожарникари од неколку општини во гаснењето на пожарот учествуваат и припадници на армијата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ