КОЈ Е НАРАЧАТЕЛОТ ЗА ПОНИЖУВАЊЕТО НА ДЕЛЕГАТИТЕ ОД ОФС КОЧАНИ?

Во Спорт
јануари 27, 2025
0 минути

Во текот на вчерашниот ден (Недела) во салата за состаноци во Хотел „Амор“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани го одржа најавеното Изборно Генерално Собрание.

Од запишаните 28 делегати со право на глас присуствуваа 27. Се избра Претседател на ОФС – Кочани, Управен Одбор, Надзорен Одбор, а беа избрани и делегати за Собранието на ФФМ како и нивни заменици. И до ова се беше во ред. Но сепак последниот предлог кој за големо чудо делегатите плашејќи се за своите позиции едногласно го прифатија, беше изборот на делегат од ОФС – Кочани за во Управниот Одбор на ФФМ.

Како гром од ведро небо се прочита името на извесен Станко Манчевски, лице непознато не само за поголемиот број присутни делегати, туку и за пошироката спортска јавност во Кочани.

Многумина по изборот се прашуваа кој е Станко Манчевски и кој клуб го има предложено. Како никој не го знаеше одговорот почна шпекулациите за да на крајот се дојде до сознание дека лицето е од Радовиш и дека честопати може да се прочита во записниците на „Детонит Плачковица“ во својство на Комесар за безбедност.

Неговиот избор не е спорен бидејќи како што дознавме законот тоа го дозволува, но се поставува прашањето дали ОФС Кочани навистина немаше кадар за тоа место па дозволи лице од друга општина и од друг Општински Фудбалски Сојуз да ги застапува како  делегат во УО на ФФМ.

Според изјавите на дел од присутните, да се избере ова лице за член во УО на ФФМ дознале непосредно пред самото одржување на Собранието.

Со ваквиот потег на нарачателот  јавно беа понижени 28 делегати од ОФС – Кочани. Која е целта не сакаме да навлегуваме подлабоко. Но доколку се продолжи во овој стил на работење новоизбраното раководство на ФФМ уште на почетокот од својот мандат ќе покаже дека нема ништо да биде поразлично од претходното. Ветувањата кои сега се даваат за оздравување на МАК фудбалот е само собирање поени за Изборното Собрание кое е закажано за во Март оваа година.

Господа, ако навистина сакате да го оздравеете МАК фудбалот и да го поставите на здрави нозе, не дозволувајте да има ваков начин на работење. Верувајте, вчера беа понижени  28 делегати, 16 клубови и околу 150.000 жители кои живеат во општините чии клубови се членки на ОФС Кочани.

Се направи грешка во чекори, и тоа голем грешка во чекори.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ