ДВЕ ВАЖНИ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“

Во Спорт
март 14, 2022
1 минути

За време на викендот кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ одиграа три средби на јкои забележаа две мошне значајни победи и еден пораз.

Во Трета лига кочанчани загубија на гостувањето во Скопје од домаќинот „Младинец“ 65:70 (22:10; 18:27; 14:09; 11:24). Самиот резултат покажува дека натпреварот изобилувал со пресврти а победникот бил решен дури во последниот квартал од натпреварот. Кошаркарите од Кочани добро го отворија резултатот и по првата четвртина имаа солидна предност од 12 кошеви разлика, но во втората четвртина домаќините беа тие кои заиграа подобро и на полувреме се  замина само со 3 поени разлика за „Диновци“ 40:37. Кога кочанчани ја добија и третата четвртина и во последниот квартал влегоа со 8 поени разлика малкумина веруваа дека со наведнати глави ќе го напуштат теренот. Сепак одиграа мошне слаба одбрана за да загубат со 13 кошеви разлика или во вкупен резултат со негатива од 5 поени го загубат натпреварот.

Во М-16 лигата „Баскет Дино Деликатес“ со сигурна играа во нападот и одлична одбрана го совлада „Феникс“ со резултат 82:51. Со оваа победа кошаркарите од „градот на оризот“ го освоија првото место и натпреварувањето го продолжуваат во т.н. доигрување за шампион на Македонија во М-16 лигата.

Во М-18 лигата „Баскет Дино деликатес“ имаше тешко гостување во Скопје каде беше пречекан од екипата на „Ангели“.  Во доста изедначен натпревар во кој екипите постојано се менуваа во водството на крајот кочанчани успеја да извојуваат мошне значајна победа 59:53 со која го освоја второто мести и исто како и во М-16 лигата продолжуваат во доигрувањето за шампион на Македонија.

П.С. поради лошиот квалитет на записниците од натпреварите не сме во можност да ги споделиме кошевите на кочанските кошаркари.

С. Ивановски