Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јануарска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 36 крводарители од нив 8 првократни и 13 лица до 30 годиншна возраст.
Акцијата е 1-ва што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
„Согласно годишниот план за крводарителски акции, во 2025 година планирано е да се реализираат 20 акции за дарување на крв. Дванаесет од нив се редовни, во просториите на Црвен крст Кочани, секој последен четврток во месецот. Три крводарителски акции се планирани со Одделението за внатрешни работи – Кочани, две младински акции со средните училишта, во Општина Зрновци како и со компании од приватниот сектор“, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Црвен крст – Кочани