ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 36 КРВНИ ЕДИНИЦИ

јуни 27, 2024
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.


На акцијата крв даруваа 36 крводарители од нив 1 првократен дарител и 15 лица до 30 годишна возраст.
Акцијата е осма што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ