СРЕБРЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА КИКБОКСЕРИТЕ ОД КОЧАНИ, ЧЛЕНОВИ НА КИКБОКС КЛУБ „ЛИДЕР“

Во Спорт
февруари 10, 2025
0 минути

Александар Веселинов  го освои сребрениот, а Кирил Тодоров бронзениот медал на „Државното првенство во кик бокс“ кое во неделата се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Александар Веселинов имаше солиден настап, во полуфиналето со нокаут го совлада својот противник и влезе во финалето кое за жал поради претходно добиена повреда мораше да го предаде.

Кирил Тодоров во борбите влегуваше многу храбро со цел да стигне што подалеку. Оствари две победи но за жал поради висока температура и истоштеност ја откажа борбата за влез во финалето.

И двајцата кик боксери од Кочани се членови на Кикбокс Клубот „Лидер“ од Виница чии натпреварувачи на ова поверенство се закитија со 10 медали од кои 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Кик бокс Клубот „Лидер“ постои повеќе од една деценија а во Кочани во Фитнес Клуб „Малена“ отвори секција и таму ги одржува тренинзите. Термините за тренинг се Понеделник, Среда и Четврток од 20:15 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ