Во општините Кочани и Виница започна да се спроведува проектот „И децата за почиста животна средина“кој во наредните осум месеци ќе го имплементираат Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани и Здружението за единствени приказни „Детелина“ – Виница. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.
Општа цел на проектот е Зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на придонесот во заедницата и јакнење на врската со конституентите и граѓаните на тема заштита на животната средина. Целна група во проектот ќе бидат млади, конкретно деца / ученици од прво до деветто одделение од четири основни училишта во општините Кочани и Виница (ОУ „Кирил и Методиј„ – Кочани, ОУ „Никола Карев“ – Кочани, ОУ „Гоце Делчев“ – Виница и ОУ „Славчо Стојменски“ – Виница).
Младите се нашата иднина, двигатели на промените во општеството и за таа цел проектот ќе опфати мерки и активности кои ќе бидат едукативни, интерактивни и забавни за да најпрвин го поттикнат нивниот интерес. Ваквите мерки можат да помогнат децата да станат свесни и активни учесници во заштитата на животната средина, со што ќе се создаде нова генерација одговорни граѓани. Од друга страна пак, децата се тие кои што своите навики и стекнати знаења многу често и многу лесно ги пренесуваат на нивните семејства и опкружувања, со што индиректни учесници во проектот (секундарна целна група) ќе ни бидат и возрасните граѓани од двете општини кои имаат контакти со инволвираните деца во проектот – Изјава на Ирена Мирчовска – координатор на проектот и Претседател на Здружение „Еко Тим Исток“.
Очекувани резултати од проектот се:
- Поттикнување на тимска работа и иницијативи кои ќе се занимаваат со локални еколошки прашања;
- Зголемување на свеста кај децата за еколошките проблеми;
- Зголемена видливост за еколошките проблеми и можните решенија кај пошироката јавност.
Бидејќи мисијата на Здружението „Детелина“ е поттикнување и создавање на единствени приказни за животот на децата со предизвици во развојот преку нивно социјално вклучување во општеството, најмалку 5% од учениците – целната група во реализацијата на проектните активности ќе бидат деца од ранливи категории или со пречки во развојот со цел поттикнување на нивните таленти, вештини и знаења, како и подигнување на свеста за важноста од нивна инклузија. – изјава на Симона Захариева – проектен асистент и Претседател на Здружение „Детелина“.
Контакт информации
Ирена Мирчовска – 071 272 024
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ