ЖФК „КОЧАНИ“ СЕ ЗАСИЛИ СО ТРИ НОВИ ИГРАЧИ

Во Спорт
февруари 15, 2025
0 минути

Есенскиот шампион во Втора Фудбалска Лига  за жени, ЖФК „Кочани“, за време на зимската пауза ги засили своите редови со три нови играчи, кои заедно со постојаниот играчки кадар се гаранција за освојување на првото место и на крајот на првенството.

Џенита Кицара (ЖФК „Вардар 2023“ – Скопје), Сара Јовевска (ЖФК „Борец“ – Велес) и Ива Салтирова (ЖФК „Каменица Саса“ – Македонска Каменица) се трите нови играчи на кочанскиот второлигаш.

До почетокот на првенството остануваат уште две седмици а првото пролетно коло ќе се одигра на 02 март кога во Кочани гостува екипата на „Билјанини извори“ од Охрид која во зимскиот преоден рок и те како се засили и најавува кандидатура за освојување на второто место.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ