ПЕТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО ВЕЛЕС

Во Спорт
октомври 7, 2023
0 минути

Во организација на Боречкиот Клуб „Велес“ денес во градот на Рацин се одржа меморијален турнир во борење „Коцев Љубомир – Листон“ 2023.

На турнирот кој се одржа во спортската сала „Гемиџии“ зедоа учество борачи од сите клубови во Македонија со настап 2009/2010,  2010/2011 и 2012/2014.

Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани настапи со шест борачи кои освоија пет медали од кои 2 златни, 2 сребрени и еден бронзен.

Златни медали:

Даријан Павлев, категорија 60 килограми

Павел Темелков, категорија 70 килограми

Сребрени медали:

Христијан Илиев, категорија 41 килограми

Јован Илиев, категорија 44 килограми

Бронзен медал:

Доне Василев, категорија 41 килограм

Забележителен настап имаше и шестиот член на „Спартак“, Мартин Цветков. Иако поради јака настинка се чувствуваше изнемоштено и неговиот настап беше доведен во прашање сепак настапи и во категоријата до 48 килограми заврши како петти.

Во очекување на други турнири борачите продолжуваат со несмален интензитет да ги одработуваат тренинзите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ