ЈОУ Библиотека „Искра“ утре, 5 март 2025 година во 13 часот, ќе ја реализира првата работилница предвидена за 2025 година, од проектот „Децата, книгите и добрината“, со координатор Ивана Атанасова. На утрешната работилница ќе учествуваат ученици од 4 одд. од ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Идејата за проектот произлегува од истражувањето спроведено од страна на Oxford University Press (OUP) за 2024 година, на кое учествувале повеќе од 6000 деца на возраст од 6 до 14 години. Според истражувањето зборот „добрина“ бил избран од 61% од испитаниците-деца, во конкуренција со уште 3 збора.
Со реализација на креативните работилници во текот на 2025 година во ЈОУБ „Искра“ на тема „добрина“- збор од Оксфордскиот детски речник за 2024 година, основната цел е преку литературата за деца- непресушниот извор на позитивни вредности кај децата, другарувањето на децата меѓу себе и со книгите, да го потенцираме зборот „добрина“ како позитивна вредност за развојот на најмладата популација.
Координатори на проектот, Ивана Атанасова и Кристина Ѓорѓиевска Атанасова.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ