По сончево и пријатно време за игра во рамките на Втората Фудбалска Лига се одигра натпреварот „Осогово“ – „Брегалница“ кој беше прогласен за дерби на Регионот и требаше дадонесе добар и неизвесен фудбал. Но од дерби остана само првото Д бидејќи немаше фудбал речиси прелу целиот натпревар. Гостите во првото полувреме од две шанси постигнаа еден погодок додека „жетварите“ немаа удар кон голот на противниот. Во второто полувреме и двете екипи постигнаа по еден погодок но повеќе коментар нема да има бидејќи се ќе биде залудно и излишно.
Во 38’ гостите поведоа со прекрасниот погодок на Иван Галевски, домачините израмнија во 55’ астрелец на голот беше Драган Паунов додека победата на гостите ја донесе Давид Калпачки во 60’ од пенал, а дали беше пенал ќе каже главниот судија Доне Ристовски од Гевгелија и секако судиската комисија.
Резултати од 20-тото коло:
Осогово – Брегалница 1:2
Вардар – Кожуф 0: 2
Скопје – Детонит Плачковица 2:2
Вардарски – Борец 2:0
Каменица Саса – Македонија ГП 0:0
Новаци – Аресими 0:2
Победа – Беласица 0:1
Башкими – Охрид 3:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ