ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА „ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА“

Во Спорт
март 10, 2025
1 минути

Во саботата Скопје беше домаќин на Меѓународниот карате турнир  „Гранд При Македонија“ на кој годинава зедоа учество околу 900 натпреварувачи од 12 држави.

На овој веќе традиционален карате турнир Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 11 натпреварувачи кои освоија 4 медали од кои 1 сребрен и 3 бронзени.

Дамјан Симеонов настапи во категоријата У-10 до 35 килограми и го освои сребрениот медал, додека освојувачите на бронзените медали се: Илина Костадинова, категорија У-14 до 45 килограми, Наталија Карова, категорија У-21 до 50 килограми и Илија Охомуш, категорија У-21 до 75 килограми.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ