По поднесеното барање од страна на ОФС _ Кочани да им се помогне на екипите учесници во Трета Фудбалска Лига – Исток денес пристигна одговорот од ФФМ. На сите екипи кои годинава учествуваат во натпреварите на Трета Фудбалска Лига – Исток им беше донирана опрема.
Опремата опфаќаше 10 фудбалски топки и 18 комплет на дресови вклучувајќи и штуцни за играчите и а истата ја презедоа претставниците на клубовите.
Александар Андов – Претседател на ОФС Кочани во чја надлежност моментно е Трета Фудбалска Лига – Исток изрази голема благодарност до надлежните во федерацијата и искажа надеж дека федерацијата и понатака ќе изнајде начин да им помага на клубовите кои навистина имаат недостаток на финансиски средства.
С. Ивановски