СУДИЈАТА ЈОВАНОВСКИ ИМ ПОДАРИ ПЕНАЛ НА ДОМАЌИНИТЕ ПО КОЈ ГО ОТВОРИЈА РЕЗУЛТАТОТ

Во Спорт
октомври 21, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ на „жешкиот терен“ во Радовиш загуби од домаќините со 0:3 (0:1), но на поразот му кумуваше неразбирливата одлука на главниот судија Јордан Јовановски од Гевгелија кој во последните моменти од првото полувреме кога на сите играчи мислите им беа насочени во соблекувалната досуди пенал за домаќините.

Да, се играше 45’ кога Јовановски досуди пенал за домаќините иако на снимката убаво се гледа дека играчот на „Осогово“ и двете раце ги има поставени на своето тело (градите) за да се заштити. Но судијата остана на првобитната одлука со која „Детонит Плачковица“ го отвори резултатот а стрелец беше Иван Настевски.

Вториот  погодок домаќините го постигнаа во 70’. На работ на казнетиот простор на гостите топката дојде до осамениот Стефан Бабунски, кој откако си направи простор биеше по земја во левиот долен агол на немоќниот Ѓорѓи Јовановски. Конечниот резултат го постави Иван Настевски со прецизен удар од дистанца.

Освен постигнатите погодоци и двете екипи пропуштија неколку шанси за гол, но овој пат домаќините погодуваа а гостите промашуваа.

Резултати од 9-тото коло:

Детонит Плачковица – Осогово  3:0

Новаци – Охрид  1:3

Каменица Саса – Беласица  2:4

Кожуф – Победа  0:0

Караорман – Башкими  1:2

Вардар (Н) – Тетекс  0:0

Скопје – Беса  0:0

Аресими – Пелистер  1:1

Во следното 10-то коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Кожуф“.

БЛАГОДАРНОСТ до ФК „Детонит-Плачковица“ за фотографиите

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ