ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК. ЛИДЕРОТ „СЛОГА 1934“ ГО РАЗМОНТИРА „ХОРИЗОНТ ТУРНОВО“

Во Спорт
април 6, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Слога 1934“ како домаќин си поигра со екипата на „Хоризонт Турново“совладувајки го во Виница со рекордни 15:0 (6:0).

Дерби натпреварот во Свети Николе им припадна на домаќините кои мошне добрата екипа на Карбинци ја совладаа со минимален резултат.

„Тиверија“ како домаќин загуби од „Ударник“ исто како и што екипата на „малеш“ е поразена на домашен терен од „Дојранско Езеро“. Во Делчево „Брегалнца 1926“ и „Светолост“ од зрновци одиграа неизвесен натпревар кој го доби домашната екипа.

Резултати од 13-тото коло:

Слога 1934 – Хоризонт Турново  15:0

Делчево 1926 – Свестлост  2:1

Овче Поле – Карбинци  1:0

Тиверија – Ударник  0:3

Малеш – Дојранско Езеро  0:1

На табелата води екипата на Слога 1934 со 36 бода, пред Овче Поче и Брегалница 1926 со по 23, Дојранско Езеро  20,  Карбинци 18, Малеш 17,  Хоризонт Турново 16, Светлост 15, Ударник  10 и Тиверија 6 освоени бода.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ