ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ДЕРБИТО НА КОЛОТО ВО КОЧАНИ

Во Спорт
април 8, 2022
1 минути

Сабота, 16:00 часот, термин за одигрување на натпреварите од 22. коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

Дербито на колото се игра во Кочани каде домаќинот „Осогово“ ја дочекува екипата на „Беласица“ еден од кандидатите за највисок пласман. „Жетварите“ се пред голем предизвик бидејќи ќе играат против одбраната на екипа која веќе осум кола нема примено погодок, а во прилог не им оди и последниот натпревар кога во Кочани пред месец и половна беа совладани со 0:3. Сепак ова е нов натпревар и „жолто-сините“ на домашен терен бодрени од своите навивачи играат се подобро. Од таборот на „Осогово“ стигнуваат оптимистички изјави во кои играчите подвлекуваат дека и срцето ќе го остават на теренот се со цел да останат непоразени. Кој ќе се радува по последниот свиреж на судијата Никола Иванов од Велес ќе дознаеме во сабота нешто пред 18 часот.

Во Македонска Каменица доаѓаат комшиите од Пехчево а виничани гостуваат на незгодната екипа на „Братство“.

Двојки од 22. коло:

„Осогово“ – „Беласица“

„Каменица Саса“ – „Пехчево“

„Локомотива“ – „Победа“

„Братство“ – „Слога 1934“

„Детонит јуниор“ – „Кожуф“

С. Ивановски