ВТОРО МЕСТО ЗА ИВАН ЈАНЕВ НА „МАКЕДОНСКИ БИСЕР 2022“

Во Спорт
јуни 12, 2022
0 минути

На Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер 2022“ што се одржа во Радовиш, Иван Јанев го освои второто место.

Ако се знае дека изминатите месеци Иван Јанев го мачеше повредата со менискусот тогаш овој успех добива на тежина.

„Задоволен сум од пласманот со оглед што изминатите четири месеци паузирав поради скинат менискус. Се надевам дека полека ќе се вратам на победничките патеки“ изјави Јанев веднаш по доделувањето на медалите.

Инаку на годинешното 46 издание „Македонски бисер 2022“ освен борачи од Македонија на душекот излегоа и претставници од Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Косово.

С. Ивановски