Независниот советник Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани околу изборот на в.д. Градоначалник на Општина Кочани а по поднесената и прифатена оставка на Градоначалникот Љупчо Папазов од Владата на Република Македонија испрати Соопштение во кое се вели:
„Почитувани, По однос на објавениот прилог на еден од локалните медиуми а во врска со избор на В.Д. Градоначалник на Општина Кочани сакам да ја информирам јавноста дека датата за одржување на седница во понеделник (14.04.2025) не е поврзана со моето отсуство,, туку со очигледно немањето на кворум околу евентуалниот кандидат. Со мене досега никој нема разговарано за терминот да биде во понеделник, како и за евентуална поддршка за кандидат, кој очекувам да биде со консезус, човек со визија и желба за драстични општествени промени. Ако се предложи таква личност, спремен сум за неколку часа да присуствувам на седница. Сметам дека целиот случај треба добро да се провери од причина што советници од партијата која е на власт земаат боледување и медицински извештаи за да избегнат кандидатура и затоа овој процес толку се одолговлекува. Според мои информации само едно лице покажува интерес, а истото е дел од лажни страни и профили на социјалните мрежи кои ширеа тешки клевети и невистини за кочанчани. Дали Кочани заслужува таков Градоначалник? Со почит, Венко Крстевски“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ