ВТОР „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРЕДВОДЕНА ОД ДПМНЕ

ноември 18, 2021
1 минути

Почитувани сограѓани,

Изминативе четири години постојано се движевме во насока на подобрување на нашата општина од секаков аспект и во секоја сфера. За жал, не секој дејствува за доброто на сите и не секој го става заедничкиот интерес над личниот.

Вчера, со одлука од градежната инспекција, поради отсуство на одобрение за градба – беше затворен еден приватен објект во Осоговијата. Прашуваме:

Дали објектот чија градба е почната нелегално и без никакво одобрение е во сопственост на вработена во Локалната самоуправа, или во сопственост на член од потесното семејство?
Дали истата таа вработена е дел од структурите на локалниот огранок на ДПМНЕ?

Дали, и покрај издадената забрана, денес повторно се вршат градежни активности на истиот тој објект?
Имено, претходната година, со одлука на Владата на Република Северна Македонија, Осоговските Планини беа прогласени за заштитено подрачје од категорија V, односно заштитен предел каде започнува еден поструктуриран пристап за социјално и економско унапредување и развој на осоговскиот регион.

Фактот што токму вработена во Локалната самоуправа, институција чии вработени треба да бидат пример за спроведување и почитување на законите, бесрамно се потрудила да ги заобиколи законските регулативи за постигнување на свој сопствен интерес укажува на неетички и крајно непрофесионален однос.

Почитувани, почетокот на новото време е јасен. Гласавте за промени, проекти и победи и веќе е повеќе од јасно дека промените се случуваат – во насока на задоволување лични апетити, интереси и победи.
За проектите, како што е сè по извесно – ќе почекаме.

Ги повикуваме надлежните институции повторно да излезат на терен и да го испитаат случајот во целост. Одговорност мора да има.

Со почит,
ОО на СДСМ Кочани