Под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Кочани одржа централна трибина за граѓаните.
На трибината присуствуваше претседателот на СДСМ и премиер на Р. Македонија, Димитар Ковачевски, високо партиско раководство на СДСМ, министри од Владата и граѓани.
Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски дискутираше за мерките и политиките на СДСМ и актуелната владина коалиција и визијата за развој на државата во иднина.
„Пред десет месеци ја презедов одговорноста да ја предводам проевропската Влада, во време на економска и енергетска глобална криза, кога македонската економија беше под сериозен притисок од светската криза и неизвесноста беше огромна во светот, а не само кај нас“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани. Тој додаде дека сето свое знаење и искуство го ставил на располагање на државата и спас на македонската економија.
Трибината беше можност одблиску да се претставата ефектите и мерките на СДСМ, но и запознавање со барањата и проблемите на граѓаните – додадоа од СДСМ.
„Работевме ден и ноќ, со голема посветеност и макотрпна работа да направиме антиктизен пакет да ја спасиме економијата, да го спасиме животниот стандард на граѓаните и бизнисите на компаниите. После десет месеци резултатот е видлив. Успешно реализиравме два пакета антикризни мерки, вредни 760 милиони евра, најголеми во целиот регион“, рече Ковачевски.
Ковачевски додаде дека енергетскиот систем е стабилен, има доволно ресурси за греењето, а со последните антикризни мерки цените на основните прехранбени производи се намалиле.
„За мене нема ништо поважно од тоа да ја поминеме оваа зима и да не оставиме никој зад себе. Ветив дека никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам“, заклучи Ковачевски.
На трибината во Кочани пред граѓаните на Кочани се обрати и претседателот на ОО на СДСМ Кочани, Гоце Серафимов.