Почитувани, од името на Управата на ОФК Карбинци, ви доставувам реакција на Одлуката на Комисијата на Третата фудбалска лига – Исток по однос на жалба на нашиот клуб за натпреварот со ФК Овче Поле од Свети Николе, одигран во недела, 6 април, на кој ОФК Карбинци е оштетен, но Комисијата за натпревари ја одби жалбата за регистрирање на натпреварот со службен резултат, при тоа непочитувајќи ги правилата и прописите на ФФМ. Во прилог е реакцијата како и Одлуката на Комисијата за натпревари. ФК Овче Поле на натпреварот направи повеќе замени од дозволеното, со што се исполнети условите за регистрирање на натпреварот со службен резултат за ОФК Карбинци. Со почит, ОФК Карбинци, Карбинци
„Почитувани, Во вашата одлука по поднесената жалба од страна на ФК КАРБИНЦИ, погрешно го толкувате членот 100 став 7 од Правилникот за натпреварување, вие се повикувате на член 23 став 2 каде што е прецизирано дека фудбалските измени на натпреварувањта под капа на ФФМ ќе бидат усогласени со
правилата на игра на ИФАБ(IFAB) каде што секоја екипа има право на замена на пет наместо на три фудбалери и најмногу една замена за потрес на мозок.
Потоа е надедено во овој член 23 став 2 односно допрецизирано во колку наврати можаат да се направаат овие измени или може да се вршат во најмногу три наврати за секоја екипа, замената направена на полувреме и замената за потрес не влегува во споменатите три наврати.
Во правилникот за напреварување за сезоната 24/25 во членот 100 став 7 јасно стои Заменила повеќе од дозволениот број на фудбалери на тој натпревар што зчани
Доколки екипата се одлучи само за три фудбалери да измени таа може да ги направи во 1 прекин, во 2 прекина или во 3 прекина
Доколку екипата се одлучи само за четири фудбалери да измени таа може да ги направи во 1 прекин во 2 прекина или во 3 прекина
Доколку екипата се одлучи само за пет фудбалери да измени таа може да ги направи во 1 прекин во 2 прекина или во 3 прекина
Но конкретоно на овој натпревар домашната измена направи четири
фудбалери измено но тоа го направи во 4 прекини, а со тоа четвртиот фудбалер немал право на настап однсно домашната екипа заменила повеќе од дозволенито број на играчи и јасно го прекршила членот 100 став 7 од правилникот за напреварување
Поради тоа сакаме да не информирате кои се членови на Комисијата на напревари на ТМФЛ ИСТОК, кои се направиле груб спортски превид и со тоа е оштетена екипата на ФК КАРБИНЦИ дали таа комисја е од еден, двајца или тројца или повеќе членови кои се биле присутни на седницата и дали едногласно е донесена одлуката или е имало различни гласања, исто така ќе го запазиме правниот лек и ќе поднесеме нова жалба на оваа првостепена одлука до Комисијата за жалби на ТМФЛ ИСТОК во рок од три (3) дена од приемот на одлуката донесена од првостепениот орган со уплата на пропишана
такса. но и ќе ја запознаеме сопртската јавност, спортските клубови но и ФФМ, управниот одбор на ФФМ но и преседателот на ФФМ
Спортски поздрав
ФК КАРБИНЦИ“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ