ВТОРОЛИГАШОТ ПОУСПЕШЕН ОД „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 8, 2023
0 минути

Играчите на „Осогово“ го одиграа и вториот контролен натпревар во пресрет на пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Во Радовиш домаќинот и воедно второлигаш „Детонит“ ги совлада „жетварите со 3:0 (1:0).

Во првиот дел додека играчите на „Осогово“ имаа свежина успеваа да бидат рамноправен партнер, но во второто полувреме кога Кочанчани почнаа физички да паѓаат домаќините со два нови погодока дојдоа до сигурна победа.

„Иако сме поразени задоволен сум од играта особено во првото полувреме. Додека имавме свежина игравме добро, но примивме еден наивен гол кој сепак не се одрази на играта до крајот на полувремето. Во вториот дел заморот беше евидентен кај некои играчи што беше причина да направиме неколку замени. Во овој дел од играта домаќините постигнаа уште два погодока. Овој тест натпревар ни покажа каде грешиме но се надевам дека до крајот на подготовките преку тренинзи и контролни натпревари ќе ги отстраниме сите тие недостатоци“ беше изјавата на Ефтим Аксентиев – Шеф на Стручниот штаб на „Осогово“.

Следниот контролен натпревар е закажан за во Сабота со почеток во 13:00 часот кога „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Каменица Саса“.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ