ХУМАНИТАРНО-ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА ЗА ПОМОШ НА ЗАСЕГНАТИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

април 11, 2025
1 минути

Во  организација на Национална установа центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, во Среда (23 Април) со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена „Хуманитарно – продажна изложба“ за помош на засегнатите од пожарот во Кочани.

На изложбата ќе бидат поставени уметнички и книжевни дела чии автори се ликовни уметници и писатели кои живеат или потекнуваат од Кочани и Кочанско, како и од Општина Виница.

Истиот ден по отворањето на изложбата ќе следи и јавна аукција за продажба на изложените дела.

Собраните средства од продажбата ќе бидат транспарентно донирани преку Support  Кочани.

Ликовните и книжевните дела ќе бидат изложени 14 дена.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ