ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЧАНИ МРЕЖИТЕ МИРУВАА

Во Спорт
април 13, 2025
1 минути

Во рамките на 24-тото коло од Втората Фудбалска Лига во Кочани „Осогово“ и „Беласица“ одиграа слаб и здодевен натпревар. Ако  во првото полувреме нешто и се случуваше особено пред голот на гостите, во вториот дел гледачите не видоа речиси ништо, двете екипи упатија само по еден директен удар кон противничките голмани.

„Осогово“ овој значаен натпревар мораше да го добие но во првото полувреме беа прокоцкани две идеални прилики за гол а згора на тоа домаќините по еден слободен удар го погодија десниот дирек. Во вториод дела гледачите не видоа речиси ништо од убавината на фудбалот, гостите се бранеа со сите играчи а својата шанса  ја бараа во против нападите. Во сивилото се вклопи и несигурниот судија Марјан Дејаноски од Кичево кој го толерираше одолговлекувањето на гостинските играчи. Тие често без потреба лежеа на теренот со што ја иритираа и домашната публика и домашните играчи. Судија кој не може да наметне авторитет не треба ниту да суди, но кај нас во овој фудбал е токму така.

Се чини дека еден спорен момент беше и пресуден за целиот тек на натпреварот. Се играше 13’ кога домашниот играч Стојанче Тренчев беше во шанса за гол откако изби сам по левата страна но на линијата од шеснаесетникот на гостите голманот на „Беласица“ Ѓорги Трајков го фаулираше. Несигурниот судија  Дејановски досуди слободен удар за домаќините при тоа казнувајќи го гостинскиот голман само со жолт картон. Доколку фаулот беше надвор од шеснаесетникот согласно правилата голманот требаше да добие црвен картон бидејќи беше последен играч во одбраната, а кога веќе несигурниот кичевчанец му додели само жолт картон требаше да покаже на белата точка. Но таква е комплетната судиска организација и залудни се сите протести.

Резултати од 24-тото коло:

Осогово – Беласица  0:0

Вардар – Брегалница  1:0

Кожуф – Македонија ГП  0:0

Детонит Плачковица – Борец  2:0

Скопје – Аресими  0:2

Вардарски – Охрид  3:0

Каменица Саса – Башкими  0:5

Новаци – Победа.  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ