КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ТРЕТИ ПО ПРВИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО ВО М-18

Во Спорт
декември 7, 2022
1 минути

Со победата против „ФМП“ од 84:59 кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ есенскиот дел од првенството во М-18 категорија го завршија на третото место.

Ја оправдаа улогата на фаворити и како домаќини без поголеми стигнаа до нова победа. Пресудни беа првата и последната четвртина каде квалитетот на кочанските кошаркари дојде до полн израз.

Кошевите за „Баскед Дино Деликатес“ вечерва ги постигнаа: Лазарев 25, Коцев 21, Манев 14, Христов 11, Ефремов 7, Богданов 4, Василов 2.

С. Ивановски