ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ – МИСИРКОВ“, ВЕЛИГДЕНСКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ИГРИ

април 17, 2025
0 минути

Шарени, убави велигденски јајца украсија учениците од прво до петто одделение од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.

Во училишниот двор тие сликаа велигденски јајца со темперни бои, а ги украсуваа со разни велигденски украси. Освен украсување јајца, во школскиот двор се одиграа и велигденски натпреварувачки игри.

Учениците од прво до петто одделение се натпреваруваа во различни интересни игри како: пронајди го јајцето, пренесување јајце во лажица со препреки, избор на најубаво велигденско јајце и слично.

Освен игрите, учениците од второ одделение цртаа и цртежи, кошничка со велигденски јајца, а рецитираа и песнички за празникот.

ООУ „Крсте Петков Мисирков“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ