ДИРЕКТОР НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАВРШЕНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ

јануари 26, 2023
1 минути

Почитувани,

Функцијата директор на СОУ „Гошо Викентиев“ ја извршувам од декември 2021 година. Во моментот кога стапив на функција, училиштето го затекнав во доста лоша состојба настаната при пропуст на изведувачот, кој во тој момент извршуваше промена на кровниот покривач на дел од училиштето во лоши временски услови, кога беше поплавена училишната зграда. Од тие причини наставата се одвиваше во отежнати услови. Со поддршка од Општина Кочани изнајдовме брзо и ефикасно решение за настанатиот проблем, се со цел учениците да се вратат на училиште и да продолжат со настава во нормални услови.

Во текот на изминатата година, откако сум директор на СОУ „Гошо Викентиев“ се реализирани повеќе активности и проекти меѓу кои се:

– Реновирање на кабинетите, холови и делови од училишната зграда кои беа зафатени од поплавата;

– Реновирање на канцелариите на педагогот, психологот, дефектологот, како и кабинетот на професорите по спорт и спортски активности;

– По долги години го реновиравме и училишното бифе, со што се доби нов поголем простор;

– Направена е адаптација на веќе постоечки простор во училиштето, со цел да се обезбедат нови простории за потребите на училиштето, односно четири нови простории и тоа: просторија за професори, современа училишна библиотека, училишен клуб каде што учениците ќе го поминуваат слободното време и нов кабинет за потребите на наставата по машинство;

– Набавка на современа компјутерска опрема, која на учениците и наставниците им овозможува настава по најнови стандарди;

– Набавивме три 3D принтери и со ова сме меѓу првите пет училишта во Р. Македонија. Уште еднаш покажавме дека се грижиме учениците да имаат настава и опрема по најновите европски стандарди;

СОУ „Гошо Викентиев“ има склучено меморандум за соработка со 15 фирми од Општина Кочани, Општина Виница, Универзитетот „ Гоце Делчев “ – Штип и Машинскиот факултет при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј “ – Скопје, каде што нашите ученици ја обавуваат својата практична настава.

Во моментот работиме на повеќе проекти, кои ќе се реализираат оваа година. Како еден од позначајните ќе го издвојам проектот за поставување на Фотонапонски панели за производство на електрична енергија на кровот на училиштето, кој ќе покрива 90% од потребите за електрична енергија во училиштето.

Досегашните реализирани проекти и инвестиции ни овозможија како менаџерски тим за прв пат во СОУ „Гошо Викентив“ да воведеме настава во една смена, со што заштедуваме средства за електричната енергија, нафта и дрва, кои ќе се искористат во унапредување и усовршување на опрема во училиштето.

Во 2023 година планирани се повеќе инвестиции меѓу кои:

– Нова современа фитнес сала;

– Ново повеќенаменско игралиште;

– Набавка на нова компјутерска опрема;

– Интерактивни табли во кабинетите;

– Уредување на влезот во училиштето;

– Уредување на училишниот двор;

– Опремување на кабинетите по електро и машинство и други.

За крај, гордо можам да кажам дека по долги години нашето училиште нема долгови и со вакво темпо на работа во 2023 година очекуваме целосна реализација на предвидените проекти и инвестиции.

Со почит,

Спирко Златков

Директор на СОУ „Гошо Викентиев“