ШЕСТ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КК „КОЧАНИ“ И ОБЕЗБЕДЕНО УЧЕСТВО НА БАЛКАНИЈАДАТА

Во Спорт
април 28, 2025
1 минути

На 27.04.2025 (Недела) Карате Клуб „Кочани“ – Кочани зеде учество на „Државното првенство за деца од 10 до 13 години“. На првенството  Карате Клуб „Кочани“ партиципираше со 7 натпреварувачи од кои 6 обезбедија финале што автоматски значеше освојување на 6 медали од кои 2 златни и 4 сребрени.: Златните медали ги освоија Катерина Стојановска и Лука Златков, додека Ана Костадинова Илина Костадинова Душанка Ристова и Томислав Ристов ги обезбедија сребрените медали. Дамјан Симеонов заврши како петти, но со малку спортска среќа можеше да стигне до бронзениот медал.

Сите освојувачи на медали во склоп на Репрезентацијата на Македонија обезбедија учество  на Балканското првенство кое во периодот 30.05 – 01.06 2025 година ќе се одржи во Бар-(Република Црна Гора).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ