РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ВО ПРЕДИГРА НА ФИНАЛНИОТ ДЕЛ ОД „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР’

Во Спорт
јули 12, 2022
0 минути

Вечерва (Вторник)  во предигра на големото и малото финале од „Петровденскиот фудбалски турнир 2022“ со почеток во 18:00 часот ќе се одигра Ревијален фудбалски натпревар со цел да се оддаде почит за прерано згаснатиот живот на нашиот сограѓанин Благоја Баки Апостоловски.

Самиот финален дел започнува во 19:00 часот кога во борбата за третото место ќе се сретнат поразените екипи од полуфиналните натпревари „Пролет“ – „Еволушан“, додека големото финале е закажано за во 20:00 часот  каде во борба за победничкиот пехар ќе излезат на мегдан екипите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“.

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Џинџер“ – „Пролет“  4:1

“Ауто Велт“ – „Еволушан“  2:0

С. Ивановски