АД „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“ – СКОПЈЕ ДОНИРАШЕ АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ

април 29, 2025
1 минути

АД „Комерцијална банка“ – Скопје донираше амбулантно возило, марка „Фиат Дукато“ комплетно опремено за потребите на „Општа Болница со проширена дејност “ – Кочани.

Како што истакнаа од болницата возилото примарно ќе се користи за потребите на Итна медицинска помош а доколку има потреба ќе можат да го користат и другите одделенија.

„ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, изразува голема благодарност за донацијата на возило за транспорт на пациенти. Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија, веднаш донираа за нашите потреби и со ова дадоа  свој придонес во подобрување на нашите услови за работа и за тоа сме бескрајно благодарни“ напиша на својот ФБ профил кристина Серафимова в.д. Директор во Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Ова е веќе второ амбулантно возило кое како донација го добива „Општа болница со проширена дејност – Кочани“ по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ