ИМУНИЗАЦИЈА – ПРИДОБИВКА ЗА СИТЕ

мај 2, 2025
1 минути

Потребата од повеќе информации и знаења од областа на имунизацијата и вакцинацијата беше главниот мотив за реализација на вакви акции каде преку медицински мотивациски наратив и промотивен материјал, населението ќе биде поблиску и од прва рака запознаено со важноста на редовната имунизација и вакцинација.

Имунизацијата е еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и претставува безбедна, ефикасна и економски најоправдана превентивна мерка која директно допринесува за намалување на морбидитетот и морталитетот кај заразните заболувања. Благодение на развојот на медицината и на денешниот степен на имунизација, многу заразни болести кои во минатото харале и претставувале огромен здрaвствен проблем (предизвикувале висока смртност кај децата и возрасните, а и предизвикувале компликации и инвалидитет), веќе денес се елиминирани или се ставени под целосна контрола, сведени само на поединечни случаи без смртни исходи.

Најважни придобивки од имунизацијата се:

  1. Здрави генерации;
  2. Колективен имунитет;
  3. Намален ризик од заразни заболувања;
  4. Намалени трошоци за боледување, лекување…
  5. Спречени епидемии од заразни болести

Реално, на глобално ниво, после Короната, т.е. последниве неколку години имунизацијата опадна, како резултат на една огромна криза во која за жал доста се зголеми бројот на лица кои ја избегнуваат оваа должност, а истата појава и доведе до ненадејни избувнувања на болести како Дифтерија, Полио и Мали сипаници кои досега беа под контрола. Состојбите во вакциналниот процес во Кочани се на исклучително задоволително ниво во споредба со регионот, така да, тоа е за нас претставува уште поголема мотивација.

Ваквата вакцинална слика во нашето општество треба да продолжи да се менува на подобро, и преку предавања и семинари, преку обуки како на медицинскиот персонал така и на населението и преку активности од здравствено – воспитен карактер, ние, здравствените работници да се погрижиме за една силна превентива, преку навремена и редовна имунизација. Секако тука е и спремноста и подготвеноста на медицинарите преку информации и разговор, преку сите видови комуникација на сите заинтересирани да им дадат позитивен фит – бек за да имаме и во иднина успешна взаемна соработка со граѓаните. Во суштина тоа е левелот на кој треба да се сведе функционирањето на јавниот здравствен сервис во денешно време.

ЈЗУ,,Општа болница со проширена дејност ” – Кочани

Превентивна здравствена заштита и стоматолошка здравствена заштита  Оддел Вакцини

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ