ТРЕТА ГОДИНЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПС КОЧАНИ – СОБРАНИ 26 КРВНИ ЕДИНИЦИ

ноември 8, 2021
1 минути

Дека од година во година се поголема е  заинтересираноста на полициските службеници да бидат хумани и да даруваат крв се потврди на денешната трета по ред, воедно и последна годинешна крводарителска акција.

 

Иако постоеше доза на страв дека поради пандемија нема да има голем одѕив. сепак полициските службеници  и овој пат ја покажаа својата хуманост, акцијата помина успешно а како плод на истата собрани се 26  крвни единици.

Крводарителска акција ја организираше Полициска станица од Кочани во соработка со „Црвен крст“ – Кочани и „Институтот за трансфузиона медицина“ од Скопје.

С. Ивановски