ГО НЕМА ТОА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ШТО ЌЕ ЈА ИСЧИСТИ ПРОСТОТАТА НА ПОЕДИНЦИ

мај 4, 2025
0 минути

Уште не е регистрирано такво претпријатие што ќе ја исчисти простотата на поединци. Најдобар пример за ова тврдење се фотографиите што ни беа испратени, а место на настанот е крајот на на крајот на улиците некаде позаци бензинската на „Лук Оил“ во близина на фудбалскиот стадион.

Господата граѓани ама со селски дух ги фатила мрзата па не се помачиле да поминат триесетина метри и сметот да го исфрлат онаму каде е одредено, кај блиските контејнери., туку си нашле начин во нивна близина да го фрлат сметот а неговото несобирање да го префрлат на комуналните служби.

Па го нема тоа претпријатие и таа механизација што ќе може сето она да го собере што невоспитаниот народ секојдневно ќе го исфрла каде што ќе му текне.

Што е срамота, срамота е.

Еве и овој пат ја користиме можноста да ги повикаме сите наши сограѓани кои сакаат да живеат во чист град во кој треба да се почитуваат законите ако случајно видат лице кои истура смет на место на кое не е определено или паркираат непрописно возила да ги фотографираат тие и да ни ги испратат фотографиите.

Дискрецијата од наша страна им е загарантирана.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ